Што се перифрастичните форми со „да” и со „ако”?

Овие перифрастични (сложени) форми се образуваат со сегашното време или со имперфектот (минато определено несвршено време) и предходени од честичките „да” и „ако”. Еве што означуваат:

Да-конструкцијата е именувана како оптатив субјунктив или како конјунктив. Лилјана МИНОВА-ЃУРКОВА вели дека „во најголем број случаи се јавува во презентска форма, макар што може да се јави, во извесни случаи и во имперфект, па и во перфект. Оваа конструкција располага со категориите лице и број, а може да се јави и во безлична форма со заменската форма се.”

Лилјана МИНОВА-ЃУРКОВА, Граматика на македонскиот стандарден јазик за странци, Штип, 2-ри август С, 2006, стр. 257.

Ако-конструкцијата, пак, се употребува за искажување услов.

Менување глаголи во перифрастични форми со „да” и со „ако”:

Изберете ја формата (времето) чија парадигма сакате да ја добиете и внесете го глаголот што сакате да го измените во соодветното поле. ВАЖНО: Рубриките обоени со сива боја содржат алгоритми за менување на неправилните глаголи кои, сè уште, не се доволно разработени (кој вели дека македонските глаголи немаат исклучоци!!!). Заради правилно и целосно опфаќање на сите одделни форми на македонскиот глаголски систем, перфекционирањето на тие алгоритми е првата етапа од една постојана надградба на оваа платформа. Тие наскоро ќе бидат достапни и функционални, за што однапред ви благодариме за разбирањето и за трпението.

Глаголувајте


Јован Костов ©
INALCO, Париз, 2012